Игра на Кралеви: Друштвена пијачка игра

Оваа игра е идеален начин да се забавувате на некоја приватна собиранка со пријателите. Нормално, обидете се да не претерате со алкохолот.За да ја играте Играта на Кралеви, потребни ви се еден шпил карти и една поголема празна чаша.
Наредете се во круг околу масата или на подот, ставете ја големата празна чаша во средината а околу неа расврлете ги картите. Определете ред по кој еден по еден ќе влечете карта.

 
Секоја карта симболизира некоја задача. Ова се значењата на картите во оваа игра:
Ас – Почнете да пиете од својот пијалак, а по вас мора да почне и тој што седи од десно, и така сите со ред. Кога ќе се затвори кругот, на ист начин прекинувате со пиењето, еден по еден.
2 – Одберете двајца играчи да се напијат една голтка од својот пијалак, или пак еден кој ќе испие две голтки.
3 – Напијте се три голтки од вашиот пијалак.
4 – Исто како и со двојката, но овојпат и вие пиете две голтки.
5 – Воспоставувате ново правило. На пример, сите да пијат само со лева рака, сите да чукнат во масата пред да пијат, итн.
6 – Штом ја извлечете картава, ставете го палецот на масата, но обидете се тоа никој да не го забележи. Потоа почекајте сите да ги стават палците на маса. Последниот што ќе го направи тоа пие.
7 – Сите играчи мора да кренат рака. Последниот што ќе крене рака пие.

 
8 – Одберете еден играч кој ќе биде вашето „другарче“ до крајот на играта. Овој играч мора да пие секогаш кога вие пиете до крајот на играта.
9 – Кажете некој збор по случаен избор. Оној што седи десно од вас мора да каже збор што се римува со вашиот, и така сите играчи во круг. Оној кој што ќе го прекине кругот пие.
10 – Изберете една категорија, на пример држави. Еден по еден сите играчи мораат да кажат име на некоја држава. Тој што ќе погреши или пак нема да се сети да каже некое име пие.
Џандар – Сите машки играчи пијат.
Дама – Сите женски играчи пијат.
Поп (Крал) – Тројцата играчи кои во текот на играта ќе ги извлечат првите три кралевиипуаат дел од својот пијалак во големата празна чаша. Играта завршува кога некој играч ќе го извлече последниот крал. Тој играч мора да ја испие содржината од големата чаша на средина.За да ја играте Играта на Кралеви, потребни ви се еден шпил карти и една поголема празна чаша.
Наредете се во круг околу масата или на подо

Пронајдете не на следниве мрежи: