Овие 4 навики се штетни колку и пушењето!

Протеините од сирењето и месото се предизвикувачи на рак во средните години, а препорачливо е да го избегнувате и солариумот!Веќе спомнавме дека седењето е една од секојдневните навики кои се штетни за нашето здравје, па дадовме некои корисни и практични совети во врска со тоа. Во продолжение ќе Ве запознаеме со други навики, но овојпат се работи за навики кои се штетни исто колку и пушењето. Внимавајте да не претерувате во некоја од нив.

 
 
Претерано конзумирање на месо и сирење
Протеините од месото и сирењето се богати со хормонот за раст ИГФ – 1, кој го поттикнува растот на клетките на ракот. Од посебна важност е да се истакне дека луѓето во средните години спаѓаат во категоријата на оние кои би можеле да бидат погодени од оваа страшна болест. Затоа, средовечните луѓе би требало да јадат 0,8 грама протеини по килограм од телесната тежина, со цел да се избегнат несакани последици. Ова не се однесува на луѓето постари од 65 години, бидејќи производството на хормонот за раст природно се намалува кај нив.
Сончање во солариум
Прекумерната употреба на солариум предизвикува околу 420.000 случаи на рак на кожата во САД секоја година, додека пак цигарите се со „скромни“ 226.000 во однос на претходната бројка. Затоа, доколку сакате да останете здрави и малку да потемните, пробајте да го направите тоа на природен начин: јадете домати и моркови, или мачкајте се со креми за сончање со висок заштитен фактор. Сите тие заедно ја спречуваат дехидрацијата и го намалуваат негативното влијание на сонцето врз кожата.

Користење на погрешен тип на масло
Треба да се внимава во изборот на маслата при готвење. Имено, маслиновото масло не е добро за пржење, но може да се користи за салати и готвење на ниски температури. А маслото од авокадо е погодно за пржење при високи температури.
Готвење на плин
При ваквиот начин на готвење се испушта јаглерод моноксид, азот диоксид и формалдехид. Вреди да се напомене дека овие три загадувачи се среќаваат и кај пасивното пушење. Затоа е пожелно да се вклучи аспираторот при готвењето, со цел да се спречи загадувањето на воздухот од 60 до 90 проценти.
 
 
 
 
 Веќе спомнавме дека седењето е една од

Пронајдете не на следниве мрежи: