Што е тоа што авиокомпаниите го кријат од нас?

Доколку сте љубопитни да дознаете некои интересни факти за авиокомпаниите и нивниот начин на работа, прочитајте го следново:Слабото осветлување треба да Ве подготви за евакуација, а не за спиење – слабата осветленост има за цел да ги навикне Вашите очи за полесно снаоѓање, доколку се најдете во состојба да го напуштите авионот додека е мрачно.
Тоалетот може да се отклучи од надворешната страна – ако погледнете под знакот за „забрането пушење“, ќе пронајдете механизам којшто може да го отклучи тоалетот.
Воздухот којшто го вдишувате во авионот, потекнува од моторите.
Ќебињата и перниците не се мијат. Исто така, постојат шанси да се најдат и фекалии на Вашата масичка – не би поверувале колку жени ги пресоблекуваат своите бебиња на тие масички…
На пилотот му е дозволено да Ве уапси за време на летот – Сè додека сте во авионот, пилотот има право да Ве уапси, да Ви напише казна, па дури и да напише тестамент за патник којшто е пред умирање. 

Постои можност да Ве префрлат во прва класа штом ќе полета авионот – секако дека тоа не може да му се случи секому; туку само на пријатни луѓе, трудници, или пак на блиски пријатели на персоналот.
Пилотите често знаат и да задремат додека управуваат со авионите.
Луѓето ги крадат појасите за спасување – Многумина ги сметаат за сувенир, а со тоа и потенцијално ги загрозуваат животите на останатите патници.
На вратите од авионот постојат рачки за кои персоналот може да се фати доколку некој од патниците ги турне од авионот.
Посебните маски можат да снабдуваат со воздух само 15 минути.
Вработениот персонал понекогаш намерно доцни со послужувањето на вечера, бидејќи се надеваат дека порано ќе заспиете – Се чека да заспие што поголем број на луѓе, за да нема премногу работа.
Не ја допирајте водата којашто не Ви ја служат флаширана! – Резервоарот со фекалиите, како и оној со водата, се наоѓаат еден покрај друг, а често ги сервисира и полни еден ист човек – дали сте доволно љубопитни да прашате по кој редослед го прави тоа?
Персоналот не добива плата, сè додека не полетате.
Вашите стјуардеси веројатно не го почитуваат правилото за мобилни телефони. – Стјуардесите ги навлекуваат завесите по соопштувањето дека треба да се исклучат мобилните телефони, го вадат телефонот од џеб и почнуваат да праќаат пораки.Слабото осветлување треба да Ве подготви за евакуација, а не за спиење – слабата осветленост има за цел да ги навикне Вашите

Пронајдете не на следниве мрежи: