Едноставен тест: Дознајте колку сте здрави и уште колку долго ќе живеете?!

Прашањето кое го мачи најголемиот број од луѓето, особено кога ќе дојдат до определена возраст – уште колку долго ќе живеам, можеби деновиве конечно доби одговор. Клаудио Гил Араијо, доктор од Бразил тврди дека открил едноставен тест кој за само неколку секунди, може да предвиди колку години живот ни останува.Основната идеја на докторот била да ги мотивира оние пациенти кои ги лечел, со цел да ја поправат нивната општа кондиција така што пластично ќе им објасни како таа влијае на нивното здравје.
Тестот требало да биде што поедноставен и поразбирлив. Поради тоа Араијо заедно со уште неколку колеги направил тест „стани – седни“ кој не бара никаква опрема и може да се спроведе во домашни услови за само неколку секунди.
Што е потребно да направите?
– Облечете што покомотна облека и боси застанете на рамна површина со голем простор околу вас.
– Без да се потпирате, седнете „турски“ (со прекрстени нозе)
– Обидете се да станете без користење на раце или колена
Тестот носи 10 поени – 5 за седнувањето и 5 за станувањето.
Илустративно вежбата треба да изгледа вака:
 
Секој пат, во текот на вежбите, кога ќе се потпрете на рацете или колената за да одржите рамнотежа додека седнувате или станувате одземете 1 поен од вкупниот збир. Пола поен се одзема секој пат кога ќе изгубите рамнотежа или осетите дека ќе паднете.

Докторот тестирал повеќе од 2000 личности на возраст помеѓу 51-80 години. Пациентите кои имале резултати помали од 8, имаат двојно повеќе шанси да умрат во наредните 6 години. Оние кои на тестот имале помалку од 3 поени имале дури пет пати повеќе шанси дека ќе умрат истиот период.
Во голобала секој поен на овој тест ја намалува стапката на смрт за 21отсто. Тврди доктор Араијо во студијата која ја објави „European Journal of Cardiology “
Истражувањето е извршено само на стари луѓе, па резултатите не важат во иста мера за помлади луѓе. Сепак докторот смета дека тестот може да послужи како индикатор на општото здравје за сите луѓе.
Ако сте помлади од 50 години, а имате проблем со изведувањето на вежбите од овој тест, тоа може да биде знак за опасност и ѕвоно за вознемиреност. Размислете за својата кондиција и состојба во која се наоѓа вашиот организам во преземањето активности.Основната идеја на докторот била да ги мотивира оние пациенти кои ги лечел, со цел да ја поправат нивната општа кондиција така што пластично ќе им

Пронајдете не на следниве мрежи: