На 16 имала сон, а на 17 веќе има 250 милиони!

Тинејџерката Бела Вимс од Аризона, пред три години почнала да штеди пари, за да си купи корисен автомобил, кога ќе стане полнолетна и ќе положи возачки испит. Денес оваа седумнаесет годишна тинејџерка има сопствена компанија со годишен приход околу 250 милиони долари.Вимс посакала за својот 16 роденден да добие автомобил, но родителите и рекле дека ќе мора сама да си го заработи. Па така таа одлучила да чува деца, а во меѓувреме да размисли како да заработи повеќе пари. Свесна дека има дарба да изработува накит, се решила на тој чекор.
Од нејзините родители побарала 350 долари, колку што заработила од чувањето на деца, па тие и додале уште толку. Веднаш започнала сопствен бизнис. Почнала да изработува уникатен накит и да го продава на куќни забави, во бутици, саеми,на сајтовите, на улица….

Основала компанија по име „Origami Owl“ 2010 година и се поврзала со дизајнери од цела Аризона, кои изработуваат накит и преку нејзината компанија, по малку повисоки цени, ги продаваат на заинтересирани купувачи по приватни забави и по веб сајтовите.
Денес преку нејзината компанија, рекламираат и продаваат накит, повеќе од 50.000 дизајнери, а годишниот приход на нејзината компанија изнесува приближно 250 милиони долари.
Како што е објавено од Форбс, во нејзината компанија се вработени 373 работници. Компанијата моментално ја води нејзиното семејство додека таа не го заврши училиштето и сама да ја води сопствената компанија. И секако си купила сама автомобил од свои заработени пари, бел џип кој го крстила Елис.
 Вимс посакала за својот 16 роденден да добие автомобил, но родителите и рекле дека ќе мора сама да си го заработи. Па

Пронајдете не на следниве мрежи: