Фото: Сурфер избоксал ајкула

ХАВАИ – Дваесет и пет годишен сурфер од Хаваи, кој е и поранешен боксер, имаше блиска средба со ајкула во Кауаи, но преживеа.Џеф Хортон сурфал со уште десетмина други сурфери во близина на Килауса кога некој забележал перка од ајкула, објави „Гарден ајленд“.
Дваесетина минути подоцна, Хортон кој седел на својата даска со нозете во вода, забележал дека црна фигура му се приближува од левата страна. Тој мислел дека тоа е ража, темна на горниот дел, а бела долу.
Тој си ја кренал левата нога горе и ајкулата одгризала дел од даската.
Ова го исфрлило Хортон во вода, по што тој успеал да се искачи над ајкулата и да ја фати за перката.

Додека со едната рака се држел за перката, со другата мавал колку може посилно и како што се сеќава удрил околу осум пати. Кога неговата тупаница завршила во окото на ајкулата таа ја пуштила даската и се повлекла.
Хортон брзо се вратил на даската за сурфање и иссурфал назад кон брегот. Ајкулата кратко ги следела сурферите, но не ги нападнала.
Кога стигнал на брегот, турист му дал 50 долари и му рекол да си купи нешто за пиење. Единствени повреди со кои се здоби Хортон се гребаниците од грубата кожа на ајкулата.Џеф Хортон сурфал со уште десетмина други сурфери во близина на Килауса кога некој забележал перка од ајкула, објави „Гарден ајленд“.

Пронајдете не на следниве мрежи: