Ирачките војници носат македонска воена опрема

Полициските штитови, пендреци, цевки за рачни фрлачи на гранати кои се произведуваат во Македонија се извезуваат и во земјите на Блискиот Исток. Новите ирачки сили за безбедност носат шлемови и панцири произведени во Македонија, а слична заштитна опрема од наше производство била извезена и во Авганистан, Хрватска, Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток, објавува „Дневник“.
Како што пишува весникот, претставници од наменската воена индустрија тврдат дека можат да произведуваат опрема со врвен квалитет и дека се развиваат нови производи наменети за армиите во светот.
– Ги произведуваме сите видови шлемови и опрема од арамидни влакна (кевлар), а можеме да произведеме и каков било облик. Пред две години почнавме да развиваме нов, полиетиленски шлем, за чие производство беше заинтересирана и странска компанија. Сега имаме нов тип шлем, што неодамна беше на тестирање кај македонските сили за безбедност – вели Никола Лучески, директор на наменската фабрика „Еурокомпоит“.
Покрај шлемови и панцири, во Македонија се произведуваат и полициски и балистички штитови, пендреци, цевки за рачни фрлачи на гранати, балистички елеци, заштитни кевларски плочи, но и ранци, вреќи за спиење, полициски и војнички ремени, футроли, бајонети, рамки за муниција… Единствено што не се произведува кај нас е оружје.
извор: denesen.mkПолициските штитови, пендреци, цевки за рачни фрлачи на гранати кои се произведуваат во Македонија се извезуваат и во

Пронајдете не на следниве мрежи: