Што се случи со туристите во Охрид?

Нашиот прекрасен туристички град Охрид отсекогаш бил полн со туристи од крајот на месец јуни до почетокот на месец септември.
Но, што се случува периодов во Охрид? Каде се сите тие туристи кои изминатите неколку години ги полнеа плажите преку ден, а чаршијата преку ноќ?
Зошто по толку години Охрид е празен пред се од наши туристи кои минатите години беа најчести посетители на нашиот убав туристички град?
За некои причините за толку празниот Охрид се цените кои се доста високи за храна и смештај, но и поволните понуди од туристичките агнеции за одмор на плажите во Грција или Турција, кои според сумата се скор исти како одмор од 10 дена во Охрид.
Дури ни тинејџерите повеќе не се примамени од убавиот Охрид, кој за тинејџерите од 90-тите беше вистинска сензација, па едвај чекаа да дојде лето и да поминат луди и незаборавни 10 дена во Охрид со своето друштво.
Периодов во Охрид може да се заприметат група на странци од Кина, Јапонија, Германија, Данска, Холандија, кои организирано доаѓаат во градот и навистина се воодушевени од убавината и се она што го нуди овој македонски град. Тие се посебно изненадени од цените кои нормално се поефтини за нив, поради високиот стандард кој го имаат нивните земји.
Скопјани, Битолчани, Штипјани и други, ретко дека ќе се заприметат овој период во Охрид, иако во претходните години, они беа тие кои го полнеа овој град.
Останува само да видиме дали Охрид ќе има успешна туристичка сезона, доколку го посетат само странци, а нашите туристи ќе уживаат на некои грчки или турски песочни плажи. Нашиот прекрасен туристички град Охрид отсекогаш бил полн со туристи од крајот на месец јуни до почетокот на месец сеп

Пронајдете не на следниве мрежи: