Најголем потрошувач на коњакот „Hennessey“ на сите времиња бил диктаторот Ким Јонг Ил

Најголемиот потрошувач на коњакот „Hennessey“ во историјата бил диктаторот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил. Имено, за овој пијалок тој трошел цело богатство- 700.000 фунти годишно.
Оваа информација “протече” во текот на британско истражување кое има за цел да утврди дали и на кој начин успехот на политичарите е поврзан со нивниот омилен пијалок.
Истражувањето покажало дека најуспешните и највлијателните британски политичари го преферирале вискито, во кои се вбројуваат Маргарет Тачер, Тони Блер и Винстон Черчил, додека пак нивните колеги од САД повеќе сакале коктели. Виски најмногу сака и моменталниот британски премиер, и тоа еден редок вид од органски одгледани житарки, кој чини 41 фунта. Од друга страна, британските политичари и премиери кои најмногу пијат пиво, имале голем број на проблеми во нивната политичката кариера. Тука спаѓаат Мејџор, Дејвид Милибанд и Џон Прескот.
Познатите претседатели на САД повеќе преферирале женски пијалоции и тоа Кенеди пиел коктел Даикири, а Клинтон коктел Сењорита. Најголемиот потрошувач на коњакот „Hennessey“ во историјата бил диктаторот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил.

Пронајдете не на следниве мрежи: