Оглас на платен убиец: Убивам за 5.000 евра?!

„10 000 конвертибилни марки за една глава, рачен труд“ – накратко ја опишал услугата која ја нуди платен убиец на еден интернет огласник во БиХ. Тој е подготвен на се!
 Што е уште почудно, услугата ја подредил во категоријата – уметност.
За само неколку часа овој оглас имаше повеќе од 12 000 прегледувања, но заради непримерната содржина беше отстранет од веб страницата.
На фотографијата покрај огласот се гледа маж, кој држи пиштол во устата. Веродостојноста на наведените информации не е утврдена, но бројот на прегледувањата се повеќе растеше.

-Не повикаа неколку корисници кои што побараа да го отстраниме огласот и тоа го направивме. Луѓето имаат бујна фантазија и немаат граници. Сите злоупотребувања може да бидат пријавени до нас, а ние го санкционираме секого кој навредува или злоупотребува туѓи податоци. Неодамна го воведовме и системот за верификација на домашната адреса, со цел да бидеме сигурни со кого имаме работа, истакнал Амар, администраторот на оваа веб страница.
Не беше само авторот на овој оглас саркастичен. Оние што го прочитале беа уште поинтересни па така, тие му нудеа замена за „голф 2“ или еден метар дабова даска, побарале да им ја „убие“ стоката наместо нив или да ги ослободи од бабата.„10 000 конвертибилни марки за една глава, рачен труд“ – накратко ја опишал услугата која ја нуди пл

Пронајдете не на следниве мрежи: