Заради ова се престанува со пушење..

Ма, каков рак, стравот од создавање на брчки и импотенција се вистинските причини поради кои луѓето престануваат да пушат.
Кога размислуваат за престанување со пушење жените најмногу размислуваат за брчките, а мажите за импотенцијата, покажува ново истражување. И покрај тоа што пушењето со себе носи значајни здравствени проблеми, како зголемување на веројатноста од развивање на рак и срцеви болести, луѓето ги мотивираат други причини за да се откажат од цигарите.
Докажано е дека на жените кои пушат најголем впечаток им оставаат антипушачките реклами кои прикажуваат слики поврзани со стареење, пред сè слики од лица полни со брчки. Тоа важи за 8 од 10 жени.
За разлика од нив, мажите се најмногу погодени од сликите кои имплицираат импотенција, и тоа 9 од 10 мажи. Ма, каков рак, стравот од создавање на брчки и импотенција се вистинските причини поради кои луѓето престануваат да пу

Пронајдете не на следниве мрежи: