Според најновите истражувања туристите на патувањата најчесто губат камери и фото-апарати, а третина од туристите дома се враќаат без барем еден предмет со кои пошле на пат. Следни на листата се паричник или пак чанта.
Анкетата ја спровела една англиска туристичка агенција.
Ова е листата на 10 предмети кои најчесто ги губиме на патувањата:
1.Камера-32%
2.Чанта/паричник- 29%
3. Очила за сонце- 27 %
4.Прстени-24%
5.Бикини-21%
6.Мобилен телефон-18%
7.Облека-15%
8.Часовник- 11 %
9. Мп3 плеер- 9%
10. Пасош- 4%
Околу 40 % од изгубените предмети подоцна се пронаоѓаат, покажуваат одговорите на испитаниците.
Околу 52% од испитаниците рекле дека изгубениот предмет се појавил токму таму каде што го заборавиле, додека 24 % рекле дека изгубениот предмет им е предаден подоцна во хотелот каде што биле сместени.
Во анкетата учествувале вкупно 1.672 патници, а многу од нив признале дека за време на патувањето ги изгубиле и децата, кои подоцна успеале да ги најдат.
Според најновите истражувања туристите на патувањата најчесто губат камери и фото-апарати, а третина од туристите дома