Фото: Во подрум 15 години чувал алигатор

Првенствено на Фејсбук се појави видео со малтретирање на несреќно животно, па потоа во подрумот на некој жител на Охајо е најден алигатор во многу лоша состојба.
Полицијата од сопственикот го одзеде алигаторот кој претходните 15 години ги поминал во мрачниот подрум со редовно мачење.
Во видео записот, човек со конзерва пиво го удира алигаторот, кој се наоѓа во мала пластична када во која живеел последните 15 години.
Двајцата мажи, кои се појавуваат на снимката ќе бидат обвинети за злоставување на животни, но ниту еден од нив не е сопственикот. Полицијата соопшти дека веќе две години знае за присуството на алигаторот во таа куќа, но немале оправдана причина да влезат на имотот.
Сопственикот дури ја држел задната врата од куќата отворена за да можат тинејџерите непречено да влегуваат и да го малтретираат животното, рекоа соседите. Откако видео снимката се појави на Интернет, полицијата го спаси животното кое ќе мора да помине низ дол период на заздравување.
На алигаторот му недостасуваат голем број заби, не пораснал во целост за својата возраст, а севкупната состојба му е многу лоша, првенствено поради тоа што поминал 15 години без сонце.

 Извор: kurir.mkПрвенствено на Фејсбук се појави видео со малтретирање на несреќно животно, па потоа во подрумот на некој жител на Оха

Пронајдете не на следниве мрежи: