Излечен „чокохоличар“ изгубил 108 килограми за една година, без гладување

Кога компанијата што се занимава со транспорт одбила да го вработи, поради страв дека би можел да го скрши седиштето од автобусот, Пол Палмер изгубил половина од својата тежина за една година. И тоа- без гладување.
Овој „чокохоличар“ до својата 36 година стигнал до тежина од 228 килограми. Внесувал повеќе од 7.000 калории на ден. Секое утро за појадок јадел по шест чоколади и неделно на брза исхрана трошел 100 долари.
Тој поради преголемата тежина не можел да работи.  Единствен разговор за работа што го имал бил со компанија за транспорт. Но, кога потенцијалните шефови го виделе, не сакале да го ангажираат од страв дека може да го скрши седиштето.
Ваквото образложение го посрамотило, па конечно одлучил да слабее. Па по 13 месеци половина од неговата телесна тежина исчезнала. Решил од својата исхрана да ги исфрли сите „грицки“, брза храна, сокови и слатки…. започнал со здрава исхрана.
-Пред три години ја изгубив работата и од тогаш се тргна на лошо. Паднав во депресија и почнав да се тешам со храна. Јадев чоколади, пица, хамбургер, сите видови на брза храна- вели Пол.
Пол не бил крупно дете и вели дека неговата тежина започнала да се зголемува откако се вработил како камионџија. Се почесто бил гостин во мотелите и ресторантите покрај пат.
-Првиот пат кога застанав на вага, на неа пишуваше „грешка“. Кога конечно успеав да се измерам сфатив дека сум во неволја. Не сакав моите деца да раснат без татко и цврсто решив дека морам да ослабам.  Не бев на диета само почнав здраво да се хранам- вели Пол.
На почетокот Пол не можел многу да се движи, но по осум недели започнал да шета. Сега е член на теретана и секој ден вежба.
-Пријателите и семејството ме предупредуваа, но не посветував внимание. На мојата свршеничка и беше жал да ме критикува, бидејќи мислела дека ќе ме повреди.- со задоволство вели Пол.Кога компанијата што се занимава со транспорт одбила да го вработи, поради страв дека би можел да го скрши седиштето о

Пронајдете не на следниве мрежи: