Фото:Девојка одлучила да роди ајкула

Јапонката Ал Хасагава дошла до една исклучително контроверзна идеја: проблемот со пренаселеност  и глад во светот да се реши така што жените ќе раѓаат загрозени видови на животни кои подоцна ќе може да се јадат.
Со популацијата која рапидно се зголемува, и храната која постојано се намалува, луѓето мора да пронајдат решение за преживување.
Таа има 33 години и вели дека воопшто не е едноставно да се роди бебе, пред се поради ситуацијата во светот, но раѓањето на загрозените видови е одлична идеа.

-Генетски сме предодредени да одгледуваме деца и да ги пренесеме нашите гени на следните генерации, но живееме во свет во кој борбата станува се потешка- вели таа.
Па, некои луѓе се заинтересирале за идејата и почнале да размислуваат дали е тоа можно. Па ја запрашале како ќе го изведе тоа?
Таа одговорила- Сега не е можно, но во иднина ќе биде. Матката на жената може да држи еден фетус. Исто така може да се зголеми матката и да служи како аквариум или инкубатор.
Најголемиот проблем ќе се појави со месечниот циклус кај жената, бидејќи ќе мора да се примаат лекови кои може да предизвикаат абортус.

Па најдобро е ова првенствено да се проба на жена која е во менопауза- вели Ал.
На прашањето зошто одбрала ајкула, одговорила дека баш поради фактот дека ги исполнува сите нејзини критериуми ја одбрала ајкулата. Загрозен вид се, животниот век им е долг и вкусни се.
Како вас ви изгледа оваа идеја?  Ние, се надеваме дека никогаш нема да се реализира.Јапонката Ал Хасагава дошла до една исклучително контроверзна идеја: проблемот со пренаселеност  и глад во светот

Пронајдете не на следниве мрежи: