Пет креативни начини да му се одмаздите

Кога жената е повредена, таа е многу тажна или многу бесна – средина нема. Но ниедна од тие состојби не е добра за тенот.
Повременото плачење и повремениот бес, како и останатите реакции од типот „како можеше“, само ќе ве скршат, а тој во својата глава ќе излезе вистински маж. Со самото тоа што сте депримирани, ќе ја зголемите неговата самодоверба и моќ, бидејќи ве довел онаму каде што посакувал – до лудило.
Зошто да не погледнете од друг агол и од сопствената „трагедија“ да направите урнебесна забава?
Телефонско „малтретирање“
Замислете 98 пати да ви заѕвони телефонот и од другата страна да слушнете: „Добар ден, дали вие размножувате црви за риболов?“ или „Се јавувам во врска со огласот, одговарам на вашиот опис, дебела сум и сакам да казнувам?!“ Така е, дајте го неговиот број во оглас, но со што покреативна понуда. Направете телефонот постојано да му ѕвони. И тој нека биде излуден.
Голем, најголем, таман
Доколку ве повредил како жена, најдобра одмазда е да го повредите како маж. А каде на друго место мажот е најранлив кога веќе мозок и срце нема? -Во препоните. Купете XXL  презервативи и подметнете ги таму каде сте сигурни дека ќе ги пронајде. Ерекцискиот дисбаланс ќе биде загарантиран.
Улична уметничка
Знаете ли што се може да направите со авто лак, на пример неон розева боја? Токму така, купете ист тков и напишете на неговата зграда „Дејан, те сакам иако имаш акни на задникот“, или нацртајте му пеперутки и цветчиња на автомобилот. А на самиот крај обојте ги и неговите омилени чевли.
Изненадување
Купувањето преку интернет може да биде многу интересно. Замислете го само како му објаснува на доставувачот дека тој не нарачал пренослив базен за деца и вакум вибратор (оној кој може да се залепи на ѕид).
Неодоливо злосторство
Одшијте го копчето од неговата кошула и зашијте ново во иста боја, само друга големина. Јавете се во компанијата во која работи, претставете се како да сте негова мајка и оставете прака во која ќе го потсетите дека треба да купи кисела зелка и винобран. Наполнете го неговото сандаче со брашно. Пратете му свирачи под прозор да му ја отсвират онаа песна која тој најмногу ја мрази.
Излудете го, баш онака како што тој ве излуди вас. Повреденоста немора секогаш да резултира со солзи и бес, ако веќе морате да се ослободите од негативната енергија направете го тоа со стил.
Набргу ќе се осетите подобро и вие двајца ќе можете да продолжите онаму каде што сте застанале, или во спротивно – ако е крај, барем нема да ве заборави до крајот на животот. А нервирањето не е добро за тенот – создава брчки. Па сега вие видете како ќе постапите.Кога жената е повредена, таа е многу тажна или многу бесна – средина нема. Но ниедна од тие состојби не е добра

Пронајдете не на следниве мрежи: