Што значи ако сонувате дека вашата сакана личност ве изневерува?

Неодамнешното истражување кое е направено на Универзитетот Мериленд покажало дека ноќните немири, во кои сонувате дека вашиот драг или драга ве изневерува, можат да предизвикаат потенцијални проблеми во врската.
Истражувањето кое е направено на Универзитетот Мериленд покажало дека соновите можат да прогнозираат определени активности во врската.Во испитувањето учествувале околу стотина парови помеѓу 17 и 42 години кои две недели воделе дневник каде изнесувале дел од своите соништа и некои позначајни случувања од врската.
Резултатите покажале дека соновите поврзани со кавги и љубомора веќе следниот ден поттикнуваат на конфликт помеѓу паровите.
Научникот на оваа студија, Дејвид Селтерман, предупредува дека луѓето често не се свесни за значењето на сонот и не придаваат важност на истите.Од друга страна, соновите кои се поврзани со секс имаат позитивно значење предизвикуваат чувство на љубов и блискост, освен кај оние парови кои во тој момент имаат проблеми во врската. Токму овој факт покажал дека секс во сонот може да има подеднакво и добри и лоши последици во односот помеѓу двете личности.
Човековата изложенст на влијанијата на надворешниот свет доведува до појава на одредени сонови во текот на спиењето, а она што е сигурно е тоа дека луѓето ги менуваат активностите во однос на соновите кои ги сонувале претходната ноќ.
 Неодамнешното истражување кое е направено на Универзитетот Мериленд покажало дека ноќните немири, во кои сонувате дека

Пронајдете не на следниве мрежи: