Во Би Би Си е забранета бананата

Британскиот јавен телевизиски сервис Би Би Си им забранил на своите вработени да јадат банани на работа, откако една од вработените ги предупредила шефовите дека ова овошје може да ја убие.

Постерите, кои се поставени во фирмата, на кои е прецртана фотографија со банана, директно им укажуваат на вработените да не јадат банани во близина на своите колеги, пренесуваат британските медиуми.

„Постерите се залепени на одредени места по масите и ги опоменуваат вработените на солидарност наспрема нивната колешка, која има медицински проблеми кога станува збор за овошјето банана“, соопштила портпаролката на Би Би Си.

Бананата предизвикува два вида алергиски реакции, едната е реакција на поленот од дрвата и оние кои се алергични имаат чешање и отекување на усните, додека другата е многу поопасна – добиваат анафилактички шок, односно дишните патишта отекуваат и се стеснуваат.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: