Двегодишно девојче почина, маќеата ја хранела со чили во прав

Аманда Соренсен (21) од јужна Калифорнија беше задржана во притвор откако полицијата се посомнева дека таа е виновна за смртта на двегодишната ќерка на нејзиното момче.

Имено, осомничената го казнувала малото девојче со тоа што ја хранела со лути чили пиперки во прав. 

Оваа исхрана резултирала со напад и тешки проблеми во желудникот на малото девојче, кое набрзо потоа починало.

Официјалната причина за смртта ќе биде објавена по обдукцијата, а првото рочиште за маќеата монструм е закажано за наредната среда, 16 јануари. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: