Берлускони до судијките: „Вие сте феминистки и комунистки!“

Пред два дена поранешниот италијански премиер Берлускони бесно ги нападна трите судијки во Милано кои донесоа одлука, со која политичарот ќе мора на својата поранешна сопруга Вероника Ларио да и исплати 200.000 евра за секој ден од бракот што го поминале заедно.„Корнере Дела Сера“ објави пред две недели дека Берлускони, по спогодбата за развод, на својата поранешна сопруга со која беше во брак од 1990 година, ќе мора да и плати 100.000 евра за секој ден од бракот, но панелот од женски судии ја зголемил сумата на 200.000 евра.

 

„Ми наложија да платам 200.000 евра за секој ден, а тоа многу говори за тоа какви се миланските судијки. Тие се феминистки и комунистки“, изјави Берлускони, а ова е првпат поранешниот премиер јавно да го коментира договорот за развод и засега не е се уште јасно дали во сумата што треба Берлускони да ја исплаќа е вклучено и ретроактивно плаќање од моментот кога се раздели со сопругата. Контроверзниот политичар ги повтори критиките на сметка на миланските судии, кои, како што тој тврди, го прогонуваат од 1994 година кога активно влегол во политиката.

Берлускони при крајот на минатата година најави и повторно враќање во политиката и учество во изборите, меѓутоа аналитичарите велат дека тој нема шански да ја земе премиерската позиција, но се надева на учество во новата владина коалиција, која би му обезбедила заштита од неколку судски случаи кои се водат против него. Берлускони е доста познат по неговите луди забави и секс-скандали, како што и беше скандалот за неговата афера со 17 годишна девојка.

Тој изјави дека ќе се жали за одлуката на судиите, но додал, дека сепак може и пријателски да се договори со својата поранешна сопруга, бидејќи нивните односи се наводно одлични, а во меѓувреме Берлускони соопшти дека се свршил со сопартијката Франческа Паскале, 50 години помлада од него.

Пронајдете не на следниве мрежи: