Еволуцијата на списанието “Playboy”

Одбиен по барањето за повисока плата, Хју Хефнер ја напушта работата во списанието „Ескир“ во 1952 година, и ги добива своите првични идеи за основање  свое машко списание „Плејбој“ чие првично име било „Ергенска забава“.

Многу брзо „Плејбој“ станува препознатлив светски бренд, машко списание што содржи фотографии од разголени жени, новинарство и фикција.

Во првиот број на „Плејбој“ во 1953, на насловната страна се појавува Мерлин Монро, продадено во 53,991 примероци, воедно првиот број е и единствениот без заштитното лого на списанието, зајакот, неверувајќи дека ќе има нареден број. Хју Хефнер изјавил дека логото како идеја е добиено поради својата хумористична сексуална конотација, и затоа што сликата е жива и разиграна.

Најдобро продавано издание е изданието во ноември 1972 година, продадено во  7.161.561 примероци, на чија насловна страница се наоѓа моделот Пам Равлингс.

Од своите почетоци до ден денес, многу славни личности се нашле на страниците на светски познатото списание, Памела Андерсон се појавува рекордни 14 пати, меѓу другите: Мараја Кери, Ким Бесинџер, Линдси Лохан, Ненси Синатра, Шенон Доерти, Урсула Андрес, Тања Шефченко, Саманта Фокс, Денис Ричардс, Карина Смирноф и многу други.

Основачот на „Плејбој“ новата 2013 година ја започна со брак, и тоа по третпат, „среќничката“ е 26 годишната Кристал Харис.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: