„Базинга“-репликата на Шелдон Купер стана име на новооткриен вид пчели

Ројтерс пренесува дека бразилскиот биолог Андре Емесио открил нов вид пчели и го нарекол „Базинга“.

Идејата дошла оттаму што пчелата имала доста сличности со другите видови и му задавала потешкотии на биологот во обидот да го дефинира видот.

Тоа го потсетило на Шелдон Купер, дефинитивно најомилениот и најкомичниот лик од серијата „The Big Bang Theory“ кај нас позната како „Бубалици“, кој е паметен и смешен лик, но со своите долги реплики многу често знае да не збуни. Со оглед на тоа дека неговиот најкористен збор е „базинга“ биологот одлучил токму тоа да е името на новооткриениот вид пчели.

Името „Еуглоса базинга“ наиде на позитивен прием кај актерската и продуцентската екипа на оваа серија, а Шелдон (Џим Парсонс) е поласкан од ваквата идеја на Андре Емесио.

Инаку оваа серија е една од најгледаните во светот. Една нејзина епизода ја гледаат просечно околу 18 милиони луѓе. 

Парсонс за улогата на Шелдон Купер има добиено две „Еми“ награди.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: