Починал бездомник, не дознал дека е милионер

Тимоти Хенри Греј, 60-годишниот бездомник беше пронајден мртов во Вајоминг. Причина за смртта биле ниските температури заради кои тој премрзнал. Во процесот на истражување за тоа кој бил мртвиот човек, службените лица откриле еден доста интересен детаљ.

Тимоти всушност бил наследник на 19 милиони долари, меѓутоа ни самиот не знаел за тоа. Имено, овој човек бил во роднинска врска со Хјугета Кларк која е наследничка на њујоршката железница и ќерка на основачот на Лас  Вегас.

Причината заради која ни самиот не знаел што се наследил и зошто не можел да биде пронајден од адвокатите е тоа што тој во деведесетите години мистериозно исчезнал и оттогаш му се изгубила секаква трага.

Пронајдете не на следниве мрежи: