Баба со канџи за Гинис

71-годишната Ли Ридмонд влезе во Гинисовата книга на рекорди откако се утврди неверојатната должина на нејзините нокти. Со должина од 8.65 метри, откако престанала да ги сече ноктите во 1979-та година, таа денес е жената која го држи светскиот рекорд.

Ридмонд тврди дека ноктите не се никаква пречка при извршувањето на домашните активности, односно дека таа без проблем може да готви, чисти и слично.

Средувањето на ноктите според неа, некогаш одзема и по една седмица. Откако на шега беше запрашана дали само директно ги става во туба со лак или стрпливо ги мачка, таа одговори дека полека ги лакира, без оглед на тоа што некогаш и требаат и до 7 дена за да ги среди.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се

печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: