Вилијам Леви ќе глуми во римејкот на „Ла Тормента“

Даниела Ромо и Вилијам Леви по трет пат ќе застанат заедно на сцената на Телевиса. По „Магична привлечност“ и „Триумф на љубовта“, распеаната кралица на теленовелите ќе глуми заедно со кубанскиот заводник и во римејкот на „Ла Тормента“, кој на големо го подготвува Салвадор Мехија. 

Инаку, сеуште не е познато која актерка ќе биде партнерка на Вилијам во теленовелата откако Силвија Наваро, Сандра Ечеварија и Маите Перони одбија да играат во овој проект, се шушка дека најголеми шанси за главната ролја имаат Анхелик Бојер и Сурија Вега.

Извор: ТВ Пакет

Пронајдете не на следниве мрежи: