Кои хороскопски знаци уживаат во снегот

Дознајте кој хороскопски знак е љубител на зимската магија, а кои да не ги вклучувате во своите планови за забава на снег.

 

ОВЕН

Овенот сака акција и нема да го помине времето пишувајќи статуси на Фејсбук („Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозорец“), веќе на првите снегулки ќе излезе надвор на мавање со топки и правење Снешко. Овенот ужива во животот, неповрзан за временската прогрноза.

 

БИК

Бикот е хедонист, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ќе ужива само со камин, топло чоколадо и филм. Ќе ужива во погледот преку прозорец, но никако нема да сака да излезе на мавање со топки, затоа немојте ниту да се обидувате да го наговорите, бидејќи само бадијала ќе се изнервирате.

 

БЛИЗНАЦИ

Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи.

 

РАК

Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко – сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет.

 

ЛАВ

Веќе во септември планира скијање, така што на првите вести за снех, веќе ќе биде на некоја фенси дестинација и ќе се загрева за скијање или сноуборд (snowboard). Сака да се докажува и натпреварува, затоа овој период од годината секако ќе го искористи за тоа.

 

ДЕВИЦА

Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики.

 

ВАГА

Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост.

 

СКОРПИЈА

Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже!

 

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е вечно дете и авантурист, така што едвај дочекува да излезе на мавање со топки снег и ќе го „малтретира“ целото друштво, додека сите не се појават, бидејќи ужива во тоа да ги собира луѓето. Никој нема да ужива повеќе од Стрелец во глетката од 15 луѓе како се глупираат на снегот.

 

ЈАРЕЦ

Чудно е како може типичен зимски знак како Јарец, воопшто да не ужива во било што, кое има врска со зимата. Ќе ја толерира, но нема да ужива во зимската магија. Во овие моменти попрво се замислува себеси на некој топол остров и на големо го планира летувањето.

 

ВОДОЛИЈА

Водолијата ќе падне во екстаза штом здогледа снег, и ќе го испланира цел викенд, но од тие планови ништо нема да се случи, затоа што Водолијата е едноставно таква. Ќе се запали, но многу брзо и поминува волјата и сепак ќе остане пред ТВ и нејзините омилени серии.

 

РИБИ

Рибата ќе ужива во глетката, но нема да излегува надвор ако не мора. Ќе се намести покрај прозорецот и со часови ќе ги набљудува снегулките, но во исто време ќе ужива во топлото, и ни најмалку нема да посака да се навлажни надвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: