Бројот на мажи од Блискиот Исток кои одат кај естетски хирург за да им бидат всадени бркови по цена од 5.500 евра драстично расте во последните 5 години. Брковите се отсекогаш ценети на Блискиот Исток како симбол на мажественост, мудрост и зрелост, па ретко кој Арап го нема овој украс на своето лице.
Францускиот хирург Пјер Буана вели дека мнозинството од неговите пациенти доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, Иран, Либан и Турција.
“Пациентите кои доаѓаат кај мене сметаат дека нивните бркови не се доволно добри. Некои сакаат да имаат бркови како некои славни личности.” – рекол Буана, а додал и дека месечно изведува по околу 60 вакви операции.
Пронајдете не на следниве мрежи: