Проголтал 220 дијаманти поради шверц

Јужноафриканската полиција уапси 25-годишно машко лице, кој имал проголтано 220 брусени дијаманти, во обид да ги изнесе од државата.

Необичниот шверцер бил уапсен во вторникот вечерта додека чекал во ред за безбедносна контрола на меѓународниот аеродром О.Р. Тамбо во Јоханезбург, соопшти локалната полиција.
Дијамантите,  кои биле скенирани во телото на момчето, биле наменети за купец од Дубаи.
Вредноста на дијамантите се проценува на 2,3 милиони долари. Јужна Африка е еден од водечките светски производители на дијаманти.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: