Како русите се подготвуваат за крајот на светот

Русите со цел да се спасат од крајот на светот, масовно купуваат се што ќе им падне на памет за да може да преживеат.
Тие пред се купуваат водка, што е нормално за нив, но исто така на нивната листа за работи кои им се потребни да го преживеат крајот на светот се свеќи и кибрит кои се продаваат три пати повеќе од вообичаеното и речиси исчезнаа од полиците на повеќето продавници низ земјата.
Исто така, русите решија во “црните денови“, што повеќе, но сигурно доаѓаат, да се хранат со ориз, паста и сол.
Властите во Русија, се обидуваат да се воздржат од коментари и ширење на паника и параноја меѓу луѓето. Премиерот Дмитриј Медведев ги отфрли тврдењата за крајот на светот. Речиси една третина од населението во Русија се уште се загрижени кога станува збор за опстанок на планетата. Бизнисмен од Москва, Валентин Сверидов одлучил да не чека до крајот на светот, па уште од сега го евакуираше своето семејство од Москва. Тој изјавува дека следуваат голем број смртоносни епидемии, стотици загинати и реки од крв.  
Продавачите во супермаркетите изјавуваат дека русите најмногу ја ценат водката, па таа полека станува вредна како злато. На некои видови руска водка веќе им се зголеми цената, се со цел одредени компании да профитираат.  
Едно е сигурно, што и да се случи на 21-ви декември, водката ќе ја има највисоката вредност во Русија.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: