Вечерва од 22:15 до утре наутро во 5:00 часот, ќе биде затворена обиколницата околу Солун кон Халкидики, а целиот сообраќај кон популарната туристичка дестинација ќе се пренасочува низ центарот на Солун, соопштија грчките власти.
„Работите за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата ќе се извршуваат во вторник и среда, 19 и 20 август, од 7:00 до 16:00 часот. Сообраќајната полиција ќе го регулира сообраќајот за време на работата, со наизменично делумно затворање на десната лента во двете насоки“, се вели во соопштението.
Полицијата препорачува возачите да користат алтернативни правци во овој период.



