Агрон Буџаку е назначен за директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Тој доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата на заменик-народен правобранител.Ваквата одлука била донесена на владина седница во петокот. Буџаку потврдува дека наскоро треба да стапи на својата нова функција.
„Јас всушност бев првиот директор на Центарот за управување со кризи кога се формираше во 2005 година. Но, девет месеци потоа бев избран за пратеник и заминав од таа должност“, вели Буџаку, кој по десетина години се враќа на старата работна позиција.
Буџаку беше именуван за македонски амбасадор во Франција во 2009 година, откако претходно беше министер за транспорт и врски. Во 2015 година со указ на претседателот Ѓорге Иванов беше разрешен од функцијата, два месеци пред истекот на неговиот мандат.
Тој е еден од основачите на Демократската унија за интеграција, а во 2009 година беше и претседателски кандидат на партијата.Ваквата одлука била донесена на владина седница во петокот. Буџаку потврдува дека наскоро треба да стапи на својата нова функција.
„Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: