Aitana е модел создаден од вештачка интелигенција – заработува илјадници евра месечно

Aitana (25) е првиот шпански модел создаден од вештачка интелигенција (ВИ). Создаден е да ги замени инфлуенсерите и моделите кои рекламираат одредени брендови.

Минатата година Рубен Крус, нејзиниот дизајнер и основач на агенцијата The Clueless, минувал низ тежок период бидејќи немал многу клиенти.

„Почнавме да анализираме како работиме и сфативме дека многу проекти беа ставени во мирување или откажани поради проблеми надвор од наша контрола. Честопати тоа беше вина на инфлуенсерот или моделот, а не проблем со дизајнот“, изјави Крус за Euronews.

Затоа решиле да создадат сопствен модел што ќе го користат за брендови кои ги бараат нивните услуги.

Така настанала Aitana, виртуелен модел која може да заработува и до 10.000 евра месечно, вели нејзиниот создавач. Сепак, нејзината просечна месечна плата е околу 3.000 евра.

Aitana е модел создаден од вештачка интелигенција – заработува илјадници евра месечно

„Го направивме тоа за да не зависиме од други луѓе кои имаат его, кои имаат манија или кои едноставно сакаат да заработат многу пари позирајќи“, вели Крус.

Заработува нешто повеќе од 1.000 евра по реклама, а неодамна стана заштитно лице на Big, компанија за спортска опрема, а на Fanvue прикачува и фотографии на кои е во долна облека.

За само неколку месеци Aitana успеа да добие повеќе од 121.000 следбеници на Instagram, а нејзините фотографии имаат илјадници прегледи и реакции. Таа дури добива и приватни пораки од познати личности кои не се свесни дека таа не е вистинска личност.

„Еден ден, познат латиноамерикански актер испрати порака поканувајќи ја да излезат. Овој актер има околу 5 милиони следбеници, а некои од нашиот тим ја гледаа неговата ТВ серија кога беа деца“, вели Крус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.