АКТУЕЛНО: ХИТ ОВАА ЕСЕН Е ЖОЛТАТА БОЈА!

Бојата на сонцето, пастелно жолта боја до портокалови нијанси имавме прилика да видиме од најпрестижните брендови во колекциите есен/зима 2015 година. Ако погледнеме на ревиите на Paul & Joe, Miu Miu, Hermes, луксузните Chanel или Guerlain, гледаме дека дизајнерите докажуваат за актуелната жолта боја, која е иделна за комбинирање и создавање на различни аутфити, каде сепак, не можеме да заборавиме на импресивниот Dior во сите жолти комбинации.
Жолтата боја можете да ја комбинирате со сива боја, која е исто така, боја на есента. Додадете ја во акцентите, во вид на аксесорис или изберете комбинација во облеката со жолта боја.
Голем, топол и жолт џемпер совршено се совпаѓа со фармерки и патики, но секако и со здолништа и високи потпетици. Инвестирајте оваа есен и зима со жолта боја во облеката и внесете допир на сонцето во вашиот гардеробер.
Ви предлагаме да ги погледнете фотографиите кои ќе ве инспирираат да ја искомбинирате жолтата боја оваа сезона.  

Ако погледнеме на ревиите на Paul & Joe, Miu Miu, Hermes, луксузните Chanel или Guerlain, гледаме дека дизајнерите докажуваат за актуелната жол

Пронајдете не на следниве мрежи: