Алаѓозовски наградува ликови чиј најголем дострел е безобразен статус на фејсбук или лична навреда упатена кон ВМРО-ДПМНЕ

Бесрамната партизација на институциите која СДС ја применува го достигна дното со именувањето на Сашо Тасевски за директор на Драмскиот театар, изјави на денешната пресконференција Лилјана Затуроска.-Имено Алаѓозовски покажа дека не е заинтересиран за професионалците во областа на културата, нив ги отпушта или деградира. Не е заинтерсиран за културните дејци, нив ги навредува со укинување на признанијата, ама затоа е подготвен да наградува ликови како Сашо Тасевски со позиции, ликови чиј најголем дострел е безобразен статус на фејсбук или лична навреда упатена кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна Затуроска.
Таа рече и дека очигледно во културата, како и општо во секоја друга област СДС се водат од максимата кој повеќе плукал, навредувал и омаловажувал тој да биде награден со повисока функција.
-Институциите СДС ги гледа како можност да ги вдомат партиските војници, комичарите, твитер ликовите и останатите шарени револуционери, на сметка на професионалноста. Во тоа предничи Алаѓозовски. Несомнено Алаѓозовски ја заслужи титулата министер за некултура. Во духот на тоталитарен режим министерот за некултура си зема за право субјективно да ги оценува одредени директори како неподобни, без било каква законска основа да ги разрешува и на нивно место да поставува кадри кои зад себе имаат скромно актерско, а уште помалку менаџерско искуство. Изборот очигледно се мери според тоа кој колку боја или плуканка потрошил изминатиот период во спроведување на деструктивното сценарио на СДС, потенцираше Затуроска.
Таа вели и дека ако ова е кадровиот потенцијал кој го поседува СДС, тогаш црно и се пишува на културата во Република Македонија. Ова е увертира во режимот на СДС кој што го инсталира во државата
-Граѓаните гледаат како професионалци се отпуштаат. Граѓаните гледаат како вработени во администрацијата се под прогон, притисоци и закани затоа што не се согласуваат со политиките на СДС и Зоран Заев. Од друга страна СДС сесрдно вработува лица со партиски книшки како втора лична карта или со богато фејсбук искуство во навреди, заврши Затуроска.-Имено Алаѓозовски покажа дека не е заинтересиран за професионалците во областа на културата, нив ги отпушта или деградира. Не е заинтерсиран за ку

Пронајдете не на следниве мрежи: