Алаѓозовски работи спротивно на изборните ветувања

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги раскинал договорите за вработување на тројца вработени во Министерството, што, како што оцени, било спротивно на изборните ветувања.Според Костовски, Алаѓозовски зборува едно, а во Министерството работи сосема друго. Вчера во дебатна емисија рекол дека од министерката Елизабета Канческа-Милевска наследил професионален тим, со кој одлично соработувал, а пред само неколку  дена, наведе Костовски, ги раскинал договорите за вработување на тројца вработени од министерството, без никакво објаснување.
– Алаѓозовски и СДС работат спротивно од она што јавно го ветуваа пред граѓаните за време на изборната кампања, дека нема да вршат притисок врз вработените во администрацијата, дека ќе го почитуваат професионалниот кадар во администрацијата и дека нема да бркаат од работа. СДС не издржа ниту 10 дена власт пред да си го покаже вистинското лице, бркањата на административците од работа, најавено од страна на Заев уште во Валандово, по принципот сите ќе ги избркаме и ќе влеземе тимски од чистачка до министер, почна со реализација и тоа е евидентно, рече Костовски.
Ова, додаде, е вистинското лице на СДС кое го знаеме од минатото, уривањето, блокирањето, застоите на државните и општествени текови и процеси се нивна главна одлика, бркањето на луѓе од работа, за на нивно место да инсталираат свои партиски послушници и потрчковци е нивна карактерна особина.
 Според Костовски, Алаѓозовски зборува едно, а во Министерството работи сосема друго. Вчера во дебатна емисија рекол дека од министерката Елизабета

Пронајдете не на следниве мрежи: