Три европски земји – Албанија, Норвешка и Белгија, експресно ја одбија понудата на НАТО за соодветно обесштетување да ги уништат отровните македонски корнишони на нивна територија. Властите на овие земји соопштија дека корнишоните се опозициски, па според тоа се екстремно опасни по животот и здравјето на нивните граѓани и дека нема пара на светов за која би се согласиле на такво нешто.
По ова, спас би можела да биде единствено понудата на уредниците на порталите “Нетпрес” и “Курир”, тие да ги изедат краставиците.
„Заеви со корнишоните сакаат да ја отрујат Македонија. Но, нема злосторство додека нема жртва. Затоа, ние сме спремни да ги положиме нашите животи за да докажеме дека Заеви се масовни убијци. За каузата и за некоја владина реклама сме подготвени буквално на се“, изјави уредникот на “Нетпрес” за својот портал.
Текстот е преземен и има за цел да ве насмее.
извор. kozanostra.netВластите на овие земји соопштија дека корнишоните се опозициски, па според тоа се екстремно опасни по животот и здравјето на нивните граѓани и дека