Сите живи суштества се зависни од водата. Што се однесува на луѓето, мозокот и срцето се состојат од околу 70% вода, белите дробови од 80%, а коските содржат околу 30% од виталната течност. За да преживееме, имаме потреба во просек од 2.4 литри вода на ден.Но, што се случува ако сте алергични на вода? Тоа е многу ретка состојба наречена аквагенична уртикарија.
Луѓето кои страдаат од оваа алергија, треба да престанат да јадат одредено овошје и зеленчук кои содржат многу вода. Исто така, треба да се откажат од чајот, кафето и сите природни сокови. Дури и употребата на месо е високо препорачливо да се избегнува.
Освен навиките во исхраната, луѓето со аквагенична уртикарија треба внимателно да го следат прекумерното потење, солзењето на очите, дури и да избегнуваат мокрење од дожд, инаку ќе се појават меури, оток и болка во различни места од телото. Во пракса, тоа значи никакво изложување на вода и сериозно физичко оптоварување.
Првиот регистриран случај на аквагенична уртикарија е од 1963 година, кога на целото тело на 15-годишно девојче излегле плускавци, набрзо откако скијала. Тогаш статусот бил дефиниран како преосетливост на вода, а се изразила само по неколку минути во вид плускавци по целото тело.
Изгледа жените се повеќе склони кон овој тип на алергија, која најчесто се појавува за време на пубертетот. Најчеста причина за неа е генетската предиспозиција. Поради реткост, често се смета како алергија на хемикалии растворени во водата како хлор и различни видови на соли.
Во медицинската литература се опишани помалку од сто такви случаи. Ова значително го отежнува дијагностицирањето на алергијата.
Некои луѓе се лечат со помош на антихистамини, но генерално болеста слабее значително со староста. Ако хипоалергените лекови не помагаат, следна најдобра опција е самоконтрололата и емоционалната поддршка на блиските.Но, што се случува ако сте алергични на вода? Тоа е многу ретка состојба наречена аквагенична уртикарија.
Луѓето кои страдаат од оваа алерг



