Алкохолот помага за подобро зборување на странски јазик

Неодамнешната студија објавена во минатата недела во магазин за психоармакологија покажува дека мали количини на алкохол може да им помогне на луѓето подобро да зборуваат странски јазици.Студијата која е направена врз 50 говорници на германски јазик, кои студирале холандски потврдила дека тие кои повремено пиеле алкохол го положиле испитот со повисока оценка.
Половина од испитаниците добивале малку алкохол во согласност со своите телесни пропорции, а другата половина добиле вода, потоа разговарале на холандски со испитувачи, додека разговорот се снимал.
Разговорот потоа бил преслушуван од изворни говорници на холандскиот јазик кои не знаеле дека учесниците пиеле алкохол, па потоа го оценувале квалитетот на нивниот јазик.
Холанѓаните подобро ја оцениле групата која пиела алкохол сметајќи дека тие пофлуентно говорат во однос на другата група која пиела само вода. Оцениле дека личностите од групата која пиела алкохол имале подобар изговор, а граматиката и вокабуларот виле исти во двете групи.
Сепак, она што најмногу влијае на пофлуентниот говор на еден странски јазик е мотивацијата која е најважна при учењето.Студијата која е направена врз 50 говорници на германски јазик, кои студирале холандски потврдила дека тие кои повремено пиеле алкохол го положиле

Пронајдете не на следниве мрежи: