Алонсо: „Не е точно дека се разбудив мислејќи дека е 1995 година“

Двократниот светски првак во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, демантираше дека го изгубил помнењето по несреќата на тренингот во Барселона минатиот месец и дека мислел дека е 1995 година.„Апсолутно е неточно дека зборував италијански и дека мислев дека се наоѓам во 1995 година“, изјави возачот на Мекларен на конференцијата за новинарите која се одржа пред Големата трка во Малезија.
Алонсо на тренингот во Барселона, на 22 февруари, удрил во ѕидот и доживеал потрес на мозокот поради што три дена бил во болница.
Некои медиуми пренеле дека при доаѓањето при свест, Алонсо зборувал италијански, мислел дека има 13 години и дека вози картинг трки.
Алонсо изјави дека воопшто не ја загубил свеста при ударот.
„Имав нормален потрес на мозокот. Пристигнав во болница во добра состојба. Не се сеќавам единствено на три-четири часа по доаѓањето во болницата, што е последица од седативите кои докторите ми ги имаа дадено за време на транспортот“, додал Алонсо.
Тој ги демантирал тврдењата на неговата екипа дека до несреќата дошло поради временските услови на патеката, односно силниот ветер.
Според неговите зборови, тој ја загубил контролата врз болидот зашто му се блокирал воланот.
Откако ја пропушти првата трка од сезоната во Мелбурн, Алонсо овој викенд ќе настапи на Големата трка во Малезија, на патеката во Сепанг.„Апсолутно е неточно дека зборував италијански и дека мислев дека се наоѓам во 1995 година“, изјави возачот на Мекларен на конференција

Пронајдете не на следниве мрежи: