Кристина Нина Аѓанин – алпинистката која била во експедицијата за освојување на врвот на планината Нанга Парбат, се наоѓала на само 500 метри оддалеченост кога муслиманските екстремисти убиле 11 од нејзините колеги.
Експедицијата за освојување на врвот на популарната „планина на ужасот“, таа ја започнала пред еден месец. Но, талибанците упаднале во планинарскиот камп и убиле 11 алпинисти во знак на одмазда за претходно убиениот нивен лидер.
Алпинистката раскажува дека еден ден пред масакрот и таа била во базата со своите пријатели алпинисти. Тогаш дошле некои луѓе и побарале сите заедно да се молат.
„Ме прашаа зошто не верувам во Алах и дали би можела да се молам со нив. Пакистанците се молеа, ние останатите не. Тие тогаш преспаа кај нас, а утрото кога станав, нив повеќе ги немаше“, раскажува Нина и додава дека се сомнева дека токму тие луѓе биле талибанци кои подоцна ги убиле нејзините пријатели.
За време на масакрот, Нина се наоѓала во друг камп, на само 500 метри оддалеченост, а дури кога се појавила војската, таа можела да дојде до базата.
„Талибанците влегле во базата околу 22,30 часот, а крвавата случка завршила дури околу еден часот по полноќ. Пукале кон целата електроника бидејќи знаеле дека имаме сателитски мобилни телефони. Ги натерале моите пријатели да клечат и така им пукале во глава“, раскажува Нина.
Сите преживеани алпинисти, пакистанската војска ги префрлила со хеликоптер до првиот аеродром, од каде се префрлени во Исламабад.
За жал, драмата не завршува тука. Таа раскажува дека заедно со нејзините колеги странци секојдневно го менуваат местото каде престојуваат бидејќи талибанците им праќаат закани дека ниту еден странец нема да остане жив. Нина во моментов се наоѓа во хотел, каде чека да и пристигнат личните работи од Хималаите за да може да се врати во Србија.
Кристина Нина Аѓанин – алпинистката која била во експедицијата за освојување на врвот на планината Нанга Парбат, се на