Амбасадорот на ЕУ и британскиот амбасадор во посета на Прилеп

Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар и британскиот амбасадор Чарлс Гарет, денеска остварија посета на општина Прилеп. Тие се сретнаа со делегација на локалната самоуправа и со повеќе групи на граѓани. Како што истакнаа целта на нивната посета била да научат повеќе за Прилеп како град, но и да се информираат околу проектите кои се реализираат тука со пари од ЕУ.„Навистина сум среќен што денеска дојдовме во Прилеп, заедно со мојот колега од Велика Британија. Дојдовме тука за да научиме нешто повеќе околу вашата општина и кои европски проекти се реализираат во Прилеп. Многу сум среќен што ние како ЕУ во соработка со вашата општина реализираме повеќе проекти од многу сфери кои што директно ги засегнуваат граѓаните кои се во нивна корист. Тие проекти се изградба на канализациониот систем како и пречистителсна станица за отпадните води. Тие се проекти кои се во тек, кои се реализираат, а исто така ние како ЕУ финансираме проект за реконструкција на железничката станица во Прилеп, како и други проекти кои се однесуваат на социјалната сфера во вашата општина. Денеска ќе имаме разговори и со повеќе групи на граѓани како што се уметниците, новинарите и други групи на граѓани на кои ќе ги разгледаме и слушнеме нивнте гледишта за тоа кои се нивните очекувања од ЕУ и кои се очекувањата од земјите членки на Унијата“, изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.
Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, истакна дека Прилеп бил првиот град после Скопје кој тој го посетил во Македонија откако е амбасадор во нашата држава и потенцираше дека овој град треба да го посетат сите дипломати кои се наоѓаат во Макдонија.
„Многу сум среќен што сум тука во Прилеп, Прилеп е многу убав град, и тој е првиот град надвор од Скопје кој што го посетив по пристигнувањето во Македонија во 2014 година. Тука бевме со колегите од амбасадата за проект на соработка за Дневниот центар за лица со посебни потреби и мислам дека Прилеп е многу важен град за дипломатите во Скопје. Бидејќи Прилеп е многу различен од Скопје и тој е важен дел од целата држава“, рече Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија.„Навистина сум среќен што денеска дојдовме во Прилеп, заедно со мојот колега од Велика Британија. Дојдовме тука за да научиме нешто

Пронајдете не на следниве мрежи: