Под Капитол Хил се наоѓа бункер во кој се чуваат супер-тајни документи. Меѓу нив се наоѓаат и страници кои го опишуваат немилиот настан кој се случи на 11. септември, а кои никогаш не се објавени. Нивната содржина би можела да ги вознемири државите од Блискиот Исток и да ги урне сите американско-саудиски мостови.Во последното ниво од новиот подземен бункер под Капитол Хил, се наоѓа тајна и добро обезбедена соба во која комитетот за разузнавачки работи држи строго чувани документи. Еден од нив е со назив „Истрага, дискусија и сведоштва за чувствителни прашања во врска со националната безбедност“. Овој документ има 28 страници.
Во 2002 година, администрацијата на Џорџ Буш ги исфрли овие страници од извештајот за нападите на 11 септември, а претседателот тогаш изјави дека нивната публикација би им наштетила на разузнавачките напори на Америка, бидејќи во нив се наоѓаат „извори и методи кои американските служби ги користат за да ја отежнат борбата против терористите“.
– Во нив нема ништо што се однесува на националната безбедност. Страниците се однесуваат на односот на администрацијата на Буш со Саудијците, вели Валтер Џоунс, републикански конгресмен од Северна Каролина.
Стивен Линч, кој е демократ од Масачусетс, вели дека овие документи нудат директни докази во прилог на тезата дека извесни лица и институции од Саудиска Арабија биле соучесници во нападите на Ал Каеда на Њујорк и Вашингтон пред 13 години. Еден друг конгресмен напоменува дека беше „исклучиво вознемирувачко“ постоењето на докази дека некои луѓе од саудиската влада биле вмешани и дека вистинското прашање е „дали се вмешани луѓе од кралското семејство или оние под нив; како и дали е тоа истражено, или не“.
Иако биле од различни партии, Џоунс и Линч заедно побарале да се објават овие документи, но истото го побарале и Саудијците, кои сметаат дека со необјавувањето на тие информации се оцрнува нивната земја.
– Саудиска Арабија нема што да крие. Можеме да одговараме на прашањата во јавноста, но не можеме да одговараме на празни страници, вели принцот Бандар бин Султан, кој беше амбасадор на својата земја во Вашингтон за време на нападите на 11 септември.
Напорите за да се објават страниците стигнуваат во ист момент во кој приватната тужба против саудиските добротворни организации, банки и индивидуални лица конечно почнува по десет години да се движи низ американскиот правен систем. Луѓето кои ја покренаа тужбата, а кои ги загубија саканите во нападите, веруваат дека овие 28 страници ги потврдуваат нивните уверувања.
Другата страна, онаа која се противи на нивната објава (за потсетување, Обама веќе во два наврати изјави дека ќе ги објави, но уште не го направи тоа), вели дека се работи за прелиминарни податоци кои не се докажани и дека нивното објавување би ги нарушило односите помеѓу Белата Куќа и Ријад.
ПРОДОЛЖУВА…Во последното ниво од новиот подземен бункер под Капитол Хил, се наоѓа тајна и добро обезбедена соба во која комитетот за разузнавачки работи држи