Вчера отворивме навистина интересна тема за тајните документи на американските разузнавачки служби, кои се чуваат во бункер под Капитол Хил. Американската јавност е поделена во врска со ова прашање, бидејќи луѓето стравуваат што би можело да се случи доколку тие ја видат светлината на денот. Една од сериозните последици е нарушување на односите помеѓу САД и Саудиска Арабија.Како изгледа хипотезата зад тужбата на американските граѓани против Саудијците?
Сѐ започна за време на Заливската војна во 1991 година, која ја водеше Џорџ Буш Постариот; присуството на американската војска на саудиско копно го налути вахабискиот клер, чиј благослов ја држи на власт куќата на Саудите.
Година дена од овој конфликт, група истакнати верски лидери од оваа земја издаде Меморандум на совети со кој имплицитно се закани со државен удар; кралското семејство прифати поголем дел од барањата и препушти дел од власта. Едно од прифатените барања беше и создавање на Министерство за исламски работи, на кое му беа доделени канцеларии во амбасадите и конзулатите ширум планетата.
– Добро е познато дека ова министерство функционираше како петта колона за поддршка на муслиманските екстремисти, пишува новинарот Филип Шенон, цитирајќи го Џон Леман, поранешниот американски секретар за морнарицата и член на комисијата која се занимаваше со случајот за 11. септември.
Приказната која ја раскажуват тајните 28 страници, започнува со доаѓањето на двајца млади Саудијци во Лос Анџелес, Навафа ал Хазми и Калид ал Мидар, во јануари 2000 година. Тие беа првиот бран на грабнувачи на авионите. Ниеден од нив не зборувал англиски, па нивната мисија била да научат да пилотираат со Боинг.
Две недели подоцна, се појавува добротворот Имар ал Бајуми (42), кој работеше за авио-сервисот „Далах Авко“. Иако примал плата, тој изгледа никогаш нема работено во таа фирма во Америка. Но затоа, тој бил во постојан контакт со саудиската амбасада во вашингтон и со конзулатот во Лос Анџелес. Неговите сонародници во Америка веруваа дека тој е шпион, но владата во Ријад го негираше сето тоа.
Но, сепак дојде до средба помеѓу Бајуми и двајцата Саудијци. Додека бил кај својот пријател во Сан Диего, Бајуми слушнал за двете момчиња кои зборувале арапски со заливски акцент и ги повика да го посетат. Веднаш потоа, тој им изнајмил стан во Сан Диего, им платил едномесечна кирија и осигурување и ги запознал со останатите припадници на арапската заедница, веројатно и со имамот на локалната џамија Анвар ал Авлаки, кој подоцна ќе стане гласноговорник на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.
Тие подоцна се запознале и со Осама Баснана, чија жена примала добротворни подароци од жената на принцот Бандар, принцезата Хаифа (официјално, 70.000 долари кои ги има примно во период од три години, требале да го платат нејзиното лекување). Приватната тужба тврди дека еден дел од тие пари завршиле во џебовите на грабнувачите на авионите. ФБИ не можеше да го докаже ова.
Меѓутоа, овие 28 страници не се единствените работи кои се однесуваат на 11. септември, а кои се држат под клуч. Разговорите со Џорџ Буш, Дик Чејни и Бил Клинотн, исто така не се објавени. А веројатно не постои личност во светот која не би сакала да слушне во каква врска биле поранешниот американски претседател и семејството на Осама бин Ладен.Како изгледа хипотезата зад тужбата на американските граѓани против Саудијците?
Сѐ започна за време на Заливската војна во