четврток, 12 ноември 2026
Најново

Американска конгресменка вели дека дојде време САД да го признае постоењето на вонземјаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Конгресменката Каролин Чикс Кликпатрик, беше член на Конгресот цели 14 години, служејќи во 13-та област на Конгресот во Мичиген.Во почетокот на нејзината кариера, таа беше избрана да работи во Поткомитетот за одбрана и стана првиот Афроамериканец кој се занимава со таа дејност. Овој одбор (на хартија) има надлежност врз буџетот за Министерството за одбрана на САД и тоа е најголемата сметка за средства во Федералната влада на Америка. Таа, исто така беше член на одборот од Академијата на воздухопловните сили на САД, во периодот помеѓу 2003-2007 година.
Таа има долга листа на значајни достигнувања и остварувања додека била член на Конгресот. Во моментов, таа е основач и партнер во компанијата „J & A Global Partners, LLC“.
Каролин имаше нешто да им каже на граѓаните во врска со постоењето на НЛО и други теми за вонземјаните:
„Сите ние бевме дел од Конгресот доволно долго, за да знаеме нешто за овој свет, нашата земја и за начинот на кој таа функционира. Сѐ што рековме тука, секој конгресмен знае дека е вистина. Мислам дека е важно да се соработува со странските влади, бидејќи веќе има 10 или 15 земји кои ги идентификуваа и кои го признаваат нивното постоење. Сакам да бидам дел од тоа, јас сакам да одам и сакам да го видам тоа со свои очи. Сакам да го направам тоа. “
Почнете го видеото на 1:04:21 за да ја слушнете изјавата…
Во почетокот на нејзината кариера, таа беше избрана да работи во Поткомитетот за одбрана и стана првиот Афроамериканец кој се занимава со таа дејно

Поврзани вести