Американската мисионерка која е заболена од ебола, ја напушта Либерија

Американската хуманитарка која е заболена од ебола, Ненси Рајтбол, денеска ќе биде префрлена од Либерија во САД на лекување. Либерискиот министер за информирање, Луси Браун, потврди дека авионот со кој Рајтбол ќе биде евакуирана, ќе полета помеѓу 13 и 13.30 часот по локално време.Синот на заболената мисионерка, Џереми Рајтбол, изјави дека неговата мајка „и понатаму се бори против болеста“, но и дека „изгледа нејзината состојба се подобрува“.
Нејзиното семејство е оптимистично дека таа ќе се опорави од еболата – смртоносната болест која досега во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, однела 729 човечки животи.
Се верува дека носителите на еболата се некои животни кои се ловат за храна, посебно лилјаците. Еболата помеѓу луѓето се шири преку телесните течности, вклучувајќи ја и потта, што значи дека може да се заболи и од самото допирање на заболениот.Синот на заболената мисионерка, Џереми Рајтбол, изјави дека неговата мајка „и понатаму се бори против болеста“, но и дека „изглед

Пронајдете не на следниве мрежи: