АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ

Американските палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги правиме, но токму поради тоа се поинтересни. Помали се, имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан и се разбира повкусни се!СОСТОЈКИ:
– 1 шоља брашно
– 2 големи лажици шеќер
– 2 мали лажици прашок за пециво
– 1/2 мала лажица сол
– 1 големо јајце
– 2 големи лажици растопен путер

ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте.
Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте.
Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња.
Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер.
Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.
Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди, малини, банани и сл.
СОСТОЈКИ:
– 1 шоља брашно
– 2 големи лажици шеќер
– 2 мали лажици прашок за пециво
– 1/2 мала лажи

Пронајдете не на следниве мрежи: