На интернет кружи оглас од една девојка по име Ана, кој стана хит на Балканот. Ана од Лички Курјак сака да најде сопруг и затоа објави детален оглас во кој ги опишува нејзините способности.Но, дали ќе најде сопруг, зависи од овој оглас и нејзините желби:
– Се викам Ана, имам 28 години и живеам во Лички Курјак. Тука за нас нема маж ниту за лек, а не пак за женски потреби и работа. Осамена сум и преку овој оглас би сакала да ми се јави маж кој би сакал да живее на мојот личен имот од 8 хектари шума, ниви и ораници. Поседувам куќа, амбар, свињарник и штала. Имам стадо овци и крава, мотокултиватор и воловска запрега. Вредна сум и постојано работам, волк би удавила, а на коњот опашката би можела да му ја искорнам. Хоби ми е плетење џемпери, а плетам и зимски додатоци за машкиот полов орган – се наведува во огласот на Ана.