Аналитичарите очекуваат просечно 7 минутни претстави на Антиќ во НБА лигата?!

Аналитичарите на НБА лигата не му препишуваат многу шанси за голема минутажа на нашиот кошаркар Перо Антиќ кој го засили тимот на Атланта.Македонија го доби својот играч во НБА лигата, тоа е Перо Антиќ кој ќе настапува во екипата на Атланта.
Според аналитичарите на НБА лигата, тој би требало максимум да добие седум минути по натпревар шанса за докажување (од нив, две минути како центар), а од друга страна, се предвидува дека нашиот кошаркар би забележувал 2,5 поени и 1,7 скокови по натпревар.
„Антиќ е висок 211 сантиметри и има околу 120 килограми што значи дека е со слични пропорции како Дирк Новицки“ се вели во анализата на Мајкл Брумагин.
Брумагин надополнува дека Антиќ ќе има мала минутажа во Атланта се додека не докаже дека е целосно подготвен да игра во НБА лигата на нивото на кое играат и останатите во најсилната кошаркарска лига во светот, истиот аналитичар вели дека Антиќ би играл како крилен центар и би поминувал седум минути на паркетот, а би забележувал околу 2,5 поени и 1,7 скока по натпревар.
Извор: sportclub.mk
Фото: streetball.comМакедонија го доби својот играч во НБА лигата, тоа е Перо Антиќ кој ќе настапува во екипата на Атланта.

Пронајдете не на следниве мрежи: