АНАЛИЗА: Што би се случувало кога Југославија би влегла во ЕУ? – II дел

Доколку поранешна Југославија би успеала да остане цела, избегнувајќи ги погубните војни во 90-тите години и би влегла во ЕУ, на луѓето од регионот би им било подобро, но и Европската Унија подобро би функционирала. Да се остави национализмот на страна и да се погледне анализата. Следува втор дел од анализата на надворешниот соработник на Германското здружение за надворешна политика.Поранешната држава со скоро 24 милиони жители, би била петтата најголема членка на ЕУ до влегувањето на Полска, а на Европскиот совет би имала повеќе гласови од Холандија, Португалија или Белгија. Сепак, Југославија имала шест републики. Можниот развој би одел во насока Словенија и Хрватска да се здружат со другите региони, како што се Баварија, Каталонија и Шкотска, при трагањето по влијание во Европа и парични средства.
Од ова хипотетичко сценарио, Адебар издвојува три лекции за актуелната Европска Унија.
Прво: со транзицијата на Југославија, ЕУ подобро би се подготвила за кризата во Грција и Шпанија.
Второ: Брисел би имал помалку развиена безбедносна и одбранбена политика, а повеќе би се фокусирал на надворешната глобална политика.
Трето: лекцијата за влегувањето на Југославија во ЕУ е повеќе во форма на прашањето – дали националните држави се` уште ги одредуваат рамките за решавање на предизвиците во Европа во 21 век?
Мултиетничката држава-членка би ги наговестила денешните дебати за рушење на националниот суверенитет по финансиската криза, жалбите за недостаток на демократија во Европа или за движењата за независност во Каталонија и Шкотска.Поранешната држава со скоро 24 милиони жители, би била петтата најголема членка на ЕУ до влегувањето на Полска, а на Европскиот совет би имала пове

Пронајдете не на следниве мрежи: