Повеќе од половина Хрвати, некаде околу 70 отсто сметаат дека државата се движи во погрешна насока.
Точно една недела пред официјалното членство на Хрватска во Европската унија, направена е анкета на граѓаните на Хрватска за тоа дали земјата се движи напред и во правилна насока.
Од испитаниците 70 отсто одговориле дека таа не се движи во вистинска насока, додека пак 22,4 отсто сметаат дека земјата е на одличен пат, посебно сега кога ќе биде дел од Европската унија.
Резултатите укажуваат дека мнозинството од граѓаните и понатаму се незадоволни од политиката на Владата. Во споредба со претходни анкети, малку е зголемен бројот на оние што даваат поддршка за Владата.
Според последнава анкета, граѓаните даваат оценка од 3,39 (од 1 до 5) за работата на претседателот Иво Јосиповиќ, за Владата оценка од 2,31 и за парламентот оценка од 2,01.Повеќе од половина Хрвати, некаде околу 70 отсто сметаат дека државата се движи во погрешна насока.